ВАГА

Маж Вага: тој освојува полека и внимателно, дури од кога добро согледал се поточно НЕА, себе си покрај неа, условите за понатаму... Но и ненаметливо и дискретно нудејќи и шанса и нејзе да и ТАА за сето ова да има слободно време. Во ова се гледа и неговата урамнотеженост, постојаност и стабилност, а овие особини го штитат од евентуални грешки. Мажот Вага освојува со нежност, благост, достоинственост, со елеганција, со добриот вкус, а и со умереност во се... Но посебно оружје му е интелегенцијата и најчесто се широко образовани, а со тоа и многу интересни како соговорник. Значи има дарба за се, стил во се, но има и време, затоа што никогаш не брза. Тајната на неговиот успех е во тоа што не поседува особини кои на една дама не би и се допаднале.
            Жена Вага: за разлика од машкиот претставник на овој знак, жената Вага е многу внимателна и скептична, но и неповерлива, па тоа многу се чувствува во комуникацијата со машкиот род. Со камуфлирано претерана гордост, со достоинственост и строгост, жените Ваги наместо да се плашат од мажите, можат да направат тие да са плашат од нив. Освен тоа Вагите се нагласено чувствителни и ранливи, па затоа и себе си се кријат од мажите, додека добро не утврдите кој е и што е. Во стварност подобро е така отколку да ги повредат. Но оној единствениот, вистинскиот, кого Вагата ќе го одбере, навистина има што да добие. Вагата освојува со цел спектар на шарм и нежност, кои чувствително му ги дава на избраниот партнер, верно следејќи го во секој момент. Така ТОЈ ќе се чувствува како крал покрај својата кралица, посебно затоа што жената Вага остава и таков визуелен впечаток - дотерана, елегантна, отмена и префинета. А таквата атмосфера нему само што ќе му годи, туку ќе му дава сугурност и снага, а на Вагата чувство дека му е многу потребна и важна. Тајната на нејзиниот успех е во тоа што во одреден момент ќе му се наметне и толку ќе му се допадне, што ќе му стане неопходна.